сабота, 2 мај 2026

Творците на Спутник се убедени дека СЗО наскоро ќе ја одобри вакцината

Објавено на

часот

Сподели

„Веруваме дека наскоро, во октомври, претставниците на СЗО ќе ја посетат Русија и не се сомневаме дека СЗО ќе ја одобри вакцината“, рече Дмитријев на конференцијата „Блумберг инвест глобал“.

Тој, исто така, во својот говор навел дека во октомври ќе бидат произведени повеќе од 100 милиони дози руски вакцини против коронавирусот „Спутник V“ и „Спутник лајт“, додека во ноември 50 проценти од овие вакцини ќе бидат произведени во странство.

Помошничката на генералниот директор на СЗО, Марианџела Симао, изјави дека правниот проблем, поради кој е запрен процесот на одобрување на вакцината „Спутник V“, е решен и дека процесот ќе продолжи по усогласувањето на документацијата.

Според неа, ова се податоци што треба да се внесат во досието, а кои се очекуваат од Рускиот фонд за директни инвестиции, како и завршување на инспекциите во Русија.

Неодамна, министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко, изјави дека сите пречки за признавање на руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ од СЗО се отстранети и дека остануваат некои административни процедури.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ