понеделник, 4 мај 2026

Турчин доби една година затвор зашто претепал српска манекенка

Објавено на

часот

Сподели

„Доби една година затвор, но моите адвокати и јас ќе се бориме да добие повеќе. Тој сега сака да се смириме, но јас нема да се согласам на тоа”, изјави манекенката за српските медиуми.

Според зборовите на Чукиќ, продуцентот сега на сите начини се обидува да ја избегне затворската казна, но таа не сака помирување, туку затворска казна од најмалку три години.

На обвинетиот продуцент Тортоп му се закануваше казна од две до седум години затвор, но судот реши да го осуди на казну помала и од минимумот.

Тој се товари дека со употреба на сила, закана или измама ја лишил од слобода девојката, додека на рочиштето обвинителот бараше обвинетиот да биде осуден на казна затвор од четири месеци до една година поради обвинување за кривично дело нанесување повреди со умисла.

Исто така, турските медиуми пренесуваат дека со вештачење на телефонот на продуцентот е установено дека на кобниот ден не повикал брза помош, иако го тврдеше спротивното, а велеше и дека манекенката има нарушување на личноста.

Како што манекенката претходно раскажа, тогашното момче толку ја тепало што таа уринирала од болки, и дека крв ѝ бликала од носот, устата и од увото.

Чукиќ била во врска со продуцентот од Турција две години, а се запознале по нејзиното преселување во Истанбул, каде што дошла преку модната агенција за која работела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ