вторник, 5 мај 2026

Тунберг по склучувањето на договорот: Резимето на собирот е „бла, бла, бла“

Објавено на

часот

Сподели

„Вистинската работа продолжува надвор од овие сали. И никогаш нема да се откажеме од неа“, напиша на својот твитер-профил на крајот од светската конференција Грета Тунберг, која е симбол на движењето „Петоци за иднината“.

Таа пред неколку дена предупреди дека договорот за кој се вели дека прави мали чекори во вистинската насока, или дека остварува некаков напредок или постепено се добива нешто од него, е еднаков на загуба.

Во интервју за АФП во средината на октомври, Тунберг веќе изрази стравување дека и покрај нејзиното „клучно“ значење за иднината на планетата, конференцијата КОП26 нема да донесе големи промени.

Договорот, усвоен од претставници на 200 земји по две недели тешки преговори, таканаречениот Глазговски климатски пакт, има цел да ја забрза борбата против глобалното затоплување без гаранција дека ќе загревањето ќе се задржи на 1,5 Целзиусов степен и без договор околу помошта за сиромашните земји што се соочуваат со последиците од загревањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ