вторник, 5 мај 2026

Си-ен-ен: Дел од иранските нуклеарни постројки ги преживеаа американските и израелските напади

Некои од иранските нуклеарни капацитети можеби ги преживеаа нападите на САД и Израел врз Иран, објави Си-ен-ен денес, пренесува Анадолу.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Во извештајот се наведува дека во овие последни напади, голем дел од производствениот процес бил „значително оштетен“, но дека некои клучни делови, поврзани со залихите на високо збогатен ураниум, „можеби воопшто не биле погодени“.

Се додава дека рудникот за ураниум Саганд, каде што се вади суровината, значително се проширил во последните години, а неодамнешните слики по нападот не покажуваат знаци на оштетување и работите на локацијата сè уште се во тек.

Според извештајот, објектите како што е фабриката за конверзија на ураниум во Исфахан, каде што материјалот се прочистува и се претвора во ураниум хексафлуорид, претставувале „најголем проблем“ за САД и Израел.

Исто така, се наведува дека Иран покрил неколку влезови во подземни тунели во близина на овие постројки по нападот, што сугерира дека „сè уште има нешто вредно таму долу“.

Тензиите во регионот ескалираа откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари, што го натера Техеран да возврати на Израел и американските сојузници во Заливот, затворајќи го Ормускиот теснец.

Прекинот на огнот стапи на сила на 8 април со посредство на Пакистан, но преговорите во Исламабад не доведоа до траен договор.

Американскиот претседател Доналд Трамп подоцна го продолжи примирјето на неодредено време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ