вторник, 5 мај 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со реакција по пресудата за полицајците: Ова не е правда, ова е формалност

Тројца полицајци од Кочани беа прогласени за виновни во случајот „Пулс“. На Кире Богатинов и на Горан Лазаров, Судот им изрече условна казна затвор од една година, а на командирот на ПС Кочани Александар Темелков условна казна од две години. Тоа значи дека обвинетите нема да одат во затвор, доколку не сторат ново кривично дело во период од четири години.

Објавено на

часот

Сподели

Од здружението 16 март реагираа во врска со пресудата. Според нив ова е минимизирање на одговорностаи јасен сигнал дека системот се штити сам себе наместо како што велат да се соочи со сопствените пропусти. За нив ова не е правда туку формалност.

„За злоупотреба на службена должност, законот предвидува до 10 години затвор, а денес имаме условни казни – и тоа за утврдена злоупотреба во систем што со години дозволувал незаконитости, чие непостапување создало услови за трагедија со 63 изгубени животи и над 200 повредени.

Закон vs реалност:

Законот предвидува затвор (6 месеци до 3 години, до 5 години, или најмалку 3 години – во пракса до 10 години), а во конкретниот случај, и покрај утврдената вина, изречена е условна казна, без ефективен затвор.

Овој драстичен несразмер меѓу вина и последици не е случаен – тоа е минимизирање на одговорноста и јасен сигнал дека системот се штити сам себе, наместо да се соочи со сопствените пропусти.

Ова не е правда. Ова е формалност.

Очекуваме повисоките судови да ја преиспитаат пресудата и да обезбедат одговорност што ќе биде во согласност со тежината на последиците.

Нема да молчиме и нема да прифатиме ваква „правда“.

Бараме одговорност без компромис – за сите што со своето постапување или непостапување придонеле до вакви последици.

Без тоа – правдата останува само збор“, стои во објавата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ