вторник, 5 мај 2026

Охрид го победи Алкалоид и ја продолжи трката за второто место

ГРК Охрид ја забележа првата победа над Алкалоид оваа сезона, триумфирајќи со 26-27 во плеј-оф дуелот во Автокоманда и се искачи на второто место во Суперлигата.

Фото: РК Алкалоид

Објавено на

часот

Сподели

Домашниот тим подобро го отвори натпреварот и поведе со 6-3, но следеше пад во играта кој Охрид го искористи со серија од 3-8 за комплетен пресврт и водство од 9-11. До паузата гостите доминираа, а со расположениот Јасухира стигнаа и до највисоки 12-17.

Во вториот дел клучен момент беше раниот црвен картон за Лиапис, по што Алкалоид се врати на 17-19. Сепак, Пилиповиќ со неколку важни интервенции не дозволи комплетен камбек, па Охрид повторно се одлепи на 19-23. Во финишот Алкалоид се доближи на 21-23 и имаше шанса дополнително да ја намали разликата, но пропуштените напади и сигурната игра на гостите во клучните моменти ја решија средбата.

Со оваа победа, Охрид направи важен чекор во борбата за второто место со Еурофарм Пелистер. Со оваа победа „гладијаторите“ имаат 48 бода, два повеќе од битолчани, а Алкалоид е веќе сигурен на четвртата позиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ