По политичкиот притисок и заканите за гласање недоверба од парламентот, данските власти во мај одлучија да ги евакуираат жените заробени во североисточна Сирија поради нивното приклучување кон Исламската држава, потсетува Ројтерс.
Жените и децата биле евакуирани вчера од сирискиот камп „Ал-Рој“ со помош на САД и Германија, додека Германија прифати осум мајки и 23 деца од камповите.
„По пристигнувањето во Данска, мајките беа уапсени и прелиминарно обвинети“, рече полицискиот инспектор Тена Вилберт. „Сега чекаат истрага и правни постапки.“
Во зависност од исходот на истрагата, обвинителите мора да одлучат дали ќе ги потврдат формалните обвиненија, отворајќи го патот до судење.
Жените денеска беа на сослушување пред судија, каде што обвинителите тврдеа дека треба да бидат задржани во притвор.
Сите три жени имаат данско државјанство.