Трамп му рекол дека не размислува за продолжување на прекинот на огнот (кој истекува следниот вторник), оценувајќи дека нема да има потреба за тоа. Тој најави дека претстојат возбудливи настани. „Мислам дека нè очекуваат два неверојатни дена“, рече тој. „Навистина верувам во тоа“.
На прашањето дали војната ќе заврши со договор или со едноставна објава за уништување на воените капацитети на непријателот, Трамп одговори дека двата исхода се можни. „Може да заврши и на едниот и на другиот начин, но мислам дека договор е подобра опција бидејќи им овозможува обнова“, објасни тој. „Тие навистина сега имаат поинаков режим. Во секој случај, ги отстранивме радикалите. Веќе ги нема“, додаде тој.
Тој исто така изнесе тврдење за сопствената улога во глобалната политика. „Да не бев претседател, светот би се распаднал на парчиња“, заклучи Трамп.
Трамп изјави за Фокс њуз дека војната со Иран е „многу блиску до завршување“, повторувајќи слични тврдења што ги изнесе во последните недели. Во интервју за Фокс бизнис, кое треба да се емитува во среда, американскиот претседател исто така рече дека Техеран „очајно“ сака да постигне договор. „Мислам дека е близу до крајот. Да, мислам, сметам дека е многу блиску до крајот“, изјави Трамп за Фокс.
Потоа додаде: „Знаете, ако се повлечам сега, ќе им требаат 20 години за да ја обноват земјата. И сè уште не сме завршиле. Но, ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека очајно сакаат да постигнат договор“.
Maria Bartiromo: Is the Iran war over?
Trump: I think it’s close to over. Yeah. I mean I view it as very close to over.pic.twitter.com/sGtTe3zOXt
— Clash Report (@clashreport) April 15, 2026
Трамп исто така навести дека преговорите меѓу САД и Иран би можеле да продолжат, велејќи за Њујорк пост дека „нешто би можело да се случи во следните два дена“. Првата рунда преговори, одржана во Пакистан за време на викендот, заврши без решение.
Во меѓувреме, потпретседателот Џеј Ди Венс вчера на настан на Универзитетот во Џорџија изјави дека Трамп сака да склучи „голем договор“ со Техеран. Потпретседателот на САД исто така рече дека има „многу добро чувство во врска со нашата моментална позиција“.






