„Сметаме дека Канада е одговорна (за шумските пожари) за тоа што не ги одржува правилно своите шуми, а САД се непотребно изложени на валкан, загаден и нездрав воздух, чиј квалитет е опасен и целосно неприфатлив“, напиша Трамп на својата платформа Трут соушл.
Американскиот претседател рече дека ќе му се јави на канадскиот премиер Марк Карни за да дознае што ќе преземе во врска со тоа.
„Трошоците е невозможно да се пресметаат. Канада одби да се вклучи во основното управување со шумите и отстранување на отпадот, знаејќи дека тоа ќе доведе токму до ваков резултат. Ова е намерна негрижа и станува редовна годишна појава што ги чини САД милијарди долари. Трошоците од ова загадување мора да бидат додадени на царините што Канада во моментов ги плаќа“, рече Трамп.





