петок, 17 јули 2026

Градоначалникот на Гостивар апелира да се почитува забраната за користење на водата од водоводната мрежа

Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, преку објава на социјалните мрежи се огласи за актуелната состојба со водата за пиење во Гостивар, со повик до граѓаните да ја почитуваат привремената забрана за користење на водата за пиење, воведена од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Објавено на

часот

Сподели

Во неговата објава се вели дека според редовните анализи што ги спроведува ЈП „Комуналец“, досега испитаните примероци покажувале дека параметрите на водата биле во рамките на законски дозволените вредности. По добиената пријава, пак, Јавното обвинителство, полицијата и другите надлежни институции извршиле дополнителен увид и земале нови примероци за лабораториско испитување.

„До објавувањето на официјалните резултати, по препорака на Агенцијата за храна и ветеринарство, воведена е привремена забрана за користење на водата за пиење и за подготовка на храна. Апелирам оваа мерка целосно да се почитува. Таа е превентивна и е донесена заради заштита на здравјето на граѓаните. Во однос на тврдењата дека дошло до мешање на канализациска и водоводна вода, информациите од ЈП „Комуналец“ укажуваат дека на посочената локација нема канализациска мрежа. Сепак, сите наводи се предмет на проверка и конечна оценка ќе дадат исклучиво надлежните институции. “, наведува Лимани и посочува дека засега нема официјален медицински или лабораториски доказ дека пријавените стомачни тегоби се предизвикани од водата од градскиот водовод, нагласувајќи дека причината треба да се утврди врз основа на стручни анализи.

Лимани додава дека Општината е во постојан контакт со надлежните институции и дека јавноста ќе биде навремено информирана веднаш по добивањето на официјалните резултати од испитувањата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ