Марко Ѓорѓиевски после една година мината во Романија, се враќа во македонскиот шампионат. Откако од Силекс минатата година замина во Клуж, а потоа во Херманштад, високиот 26-годишен голгетер се приклучи на тетовска Шкендија. Тоа ќе биде големо засилување во нападот на вицепрвакот, кој во новата сезона има амбиција да ја нападне шампионската титула во ПМФЛ.
Ѓорѓиевски во минатото беше дел и од Шкупи, Академија Пандев, Борец Велес, Раднички Пирот, Вождовац, а беше дел од младинските категории на Вардар, каде што беше еден од најдобрите стрелци во негова возраст.
Марко Ѓорѓиевски доаѓа како слободен агент, откако пред неколку дена раскина со Херманштат. Тој е поранешен младински репрезентативец на Македонија, а за младинската селекција има одиграно 10 натпревари. Исто има настапи и за помладите селекции на нашата земја.





