сабота, 18 јули 2026

Илјадници протестираа во Киев поради смената на младиот министер за одбрана (ВИДЕО)

Илјадници луѓе синоќа протестираа во Киев против смената на популарниот министер за одбрана Михајло Федоров, одлука што ја донесе претседателот Володимир Зеленски во рамки на реконструкција на владата, која предизвика поделби.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите втора вечер по ред се собраа во украинската престолнина со знамиња и транспаренти, јавува агенцијата Франс прес.

„Вратете го Федоров!“, пишуваше на еден транспарент, додека на друг стоеше пораката „Почит и обѕир кон народот“. На трет транспарент смената беше оценета како „самосаботажа“.

Протестите започнаа вчера поради смената на 35-годишниот технолошки експерт, кој се залагаше за трансформација на украинската војска во поефикасна борбена сила.

Зеленски минатата недела најави реконструкција на владата со цел да ги зајакне односите со клучните меѓународни партнери. Сепак, смената на министерот за одбрана предизвика невообичаени демонстрации во воено време во главниот град, како и во неколку други украински градови, при што повеќето демонстранти беа млади луѓе.

Федоров, млад реформатор и поборник за примена на висока технологија на бојното поле, ја напушта функцијата помалку од шест месеци откако беше назначен за министер за одбрана.

Популарен меѓу граѓаните и ценет од западните сојузници на Украина, Федоров објасни дека дошол во судир со врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, кој се залага за потрадиционален пристап во воените операции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ