петок, 1 мај 2026

Трамп побара од судот во Флорида Твитер да му го врати профилот

Објавено на

часот

Сподели

Во јули Трамп ги тужеше Твитер, Фејсбук и Алфабет Гугл, како и нивните извршни директори, наведувајќи дека незаконски ги замолкнале конзервативните ставови, потсетува Ројтерс.

Барањето на Трамп за акција против Твитер било поднесено во петокот попладне во Мајами.

Во жалбата се наведува дека социјалната мрежа ја укинала неговата сметка под притисок на неговите политички ривали од Конгресот.

Трамп одбил да коментира, а неговите претставници сѐ уште не одговориле на барањето на Ројтерс.

Нему од почетокот на годинава му се укинати профилите на водечките социјални мрежи, а компаниите тврдеа дека тој го прекршил нивното правило што забранува величење на насилството.

Стотици негови поддржувачи упаднаа во Конгресот на 6 јануари, откако Трамп тврдеше дека бил ограбен на изборите, што беше одбиено од судовите, претставниците на изборната комисија, а и од некои членови на самата негова администрација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ