сабота, 18 април 2026

Трамп на првиот голем митинг по изборите: Јас сум вистинскиот победник (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Иако тој држеше говори на митинзите на републиканците по поразот на минатогодишните претседателски избори, митингот во Охајо е враќање на масовните митинзи што беа клучни за одржување на поддршката од неговата база, т.н. МАГА-настани (кратенка за Make America Great Again – Да ја направиме Америка повторно голема).

Трамп ја напушти функцијата откако неговите приврзаници го нападнаа Капитол на 6 јануари, кратко по говорот во кој повтори дека му биле украдени изборите во 2020 година и дека тој е нивниот вистински победник.

Во саботата, пред илјадници негови приврзаници, тој повтори дел од својот редовен список со поплаки, а освен што ги критикуваше изборите во САД, тој зборуваше особено за зголемениот број имигранти што влегуваат во САД преку јужната граница.

„Имавме голема победа, тие направија нешто што никогаш не смееше да се дозволи“, рече Трамп за изборите.

„Ќе го вратиме Претставничкиот дом, ќе го вратиме Сенатот и ќе ја вратиме Америка и тоа ќе го сториме наскоро“, рече тој.

Демократското слабо мнозинство во двата дома на Конгресот ќе биде ставено на тест на изборите во средината на 2022 година, а историјата ги фаворизира шансите на Републиканците да добијат места во нив.

Пред почетокот на митингот, Трамп претстави јасен план за одмазда за републиканскиот конгресмен од Охајо, Ентони Гонзалес, кој беше еден од 10-те републиканци во Претставничкиот дом што гласаа за негово отповикување.

„Секој републиканец треба да гласа тој да се исфрли од должност“, рече тој за Гонзалес, нарекувајќи го „лажен републиканец“.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=DUTlwcP-dsE autoplay:0]

По митингот во Охајо, Трамп планира да зборува на Флорида по повод празникот 4 јули, а следната недела ќе отпатува на јужната граница на САД и Мексико.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ