Во неодамнешното интервју за Вашингтон егзаминер, Спајсер изјави дека апетитот на Трамп за претседателските избори е зголемен во последните неколку месеци, по гледањето како претседателот Џозеф Бајден се справува со политички прашања, на пр. имиграцијата, пренесува Гардијан.
Како прв секретар за печат на Трамп во Белата куќа, Спајсер се соочи со обвинувања дека не ја кажувал вистината за време на јавните говори и дека не бил веродостоен, подоцна тој се оправда со објаснување дека „свесно не ја лаже“ американската јавност, според лондонскиот дневник.
Ова најново тврдење на Спајсер следеше по шпекулациите за политичките планови на Трамп, откако претрпе пораз од Бајден на изборите во 2020 година.
Покрај Спајсер, Марк Медоус, поранешниот шеф на кабинетот на претседателот Трамп, неодамна, како што пренесува Гардијан, даде интервју за Њузмакс за време на кое зборуваше и за политичките планови и намери на поранешниот претседател.
„Не сум овластен да зборувам во име на претседателот Трамп, но можам да ви го кажам следново: вечерва немаше ни да се сретнеме доколку не постоеја планови повторно да одиме напред на вистински начин, со претседателот Трамп на чело“, рече Марк Медоус.






