Републиканскиот милијардер кажа дека ќе разговара за претседателските избори одржани во ноември 2020 година во Мар а Лаго, во сојузната американска држава Флорида, повторувајќи, неосновано, дека на тие избори му биле украдени гласови.
Трамп ја критикуваше парламентарната комисија задолжена за истрагата за упадот во Капитол, сметајќи дека е „исклучително пристрасна“.
Според него, би требало да се води истрага за „лажните претседателски избори“ во 2020 година.
„Ќе одржам конференција за новинарите на 6 јануари во Мар а Лаго за да разговараме за тоа“, кажа Трамп, оценувајќи дека бунтот се случил на 3 ноември кога беа одржани изборите.
Трамп, кој изгуби на изборите во 2020 со повеќе од седум гласови од демократот Џо Бајден, навестува во последните месеци дека би можел да се кандидира за уште еден претседателски мандат во 2024 година.
Парламентарниот одбор, чија работа Трамп ја оспорува, се труди да ги расветли настаните од 6 јануари 2021 година, кога неколку илјади негови поддржувачи упаднаа во седиштето на Конгресот во обид да го спречат официјалното потврдување на победата на Бајден.






