сабота, 15 ноември 2025

Трамп: Деновите на Мадуро се одбројани

Американскиот претседател Доналд Трамп верува дека деновите на венецуелскиот претседател Николас Мадуро се одбројани.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Изјавите на Трамп, дадени за време на интервјуто за Си-би-ес објавено вчера, доаѓаат во време кога САД трупаат воени единици на Карибите и извршија повеќекратни напади врз бродови за кои тврдат дека се користат за транспорт на дрога.

На прашањето дали САД би отишле во војна против Венецуела, Трамп рече: „Се сомневам во тоа. Мислам не“.

Сепак, на прашањето дали деновите на Мадуро како претседател се одбројани, тој одговори: „Би рекол дека се. Мислам дека се, да“.

Мадуро го обвини Вашингтон дека ја користи трговијата со дрога како изговор за „наметнување промена на режимот“ во Каракас за запленување на венецуелската нафта. Во 15 американски напади врз бродови на Карибите и Пацификот, најмалку 65 лица беа убиени.

Зборувајќи од своето одморалиште Мар-а-Лаго во Флорида, Трамп рече: „Секој брод што го гледате дека е погоден, со дрога убива 25.000 луѓе и уништува семејства низ целата наша земја“.

На директно прашање дали САД планираат копнени напади, Трамп одби да ја исклучи опцијата, велејќи: „Нема да ви кажам што ќе правам со Венецуела, без разлика дали ќе го направам тоа или не“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ