Една новинарка беше заинтересирана за тоа кој според него треба да биде новиот папа. Трамп се насмевна и се пошегува кога го слушна прашањето, одговарајќи: „Би сакал да бидам папа. Тоа би бил мојот прв избор“.
Тој продолжи нагласувајќи дека нема фаворит, но посочи дека Тимоти Долан, надбискупот на Њујорк, би можел да биде добар избор. „Не знам. Немам фаворит. Но, морам да кажам дека имаме кардинал од местото наречено Њујорк кој е многу добар, па ќе видиме што ќе се случи“, изјави тој.
Trump on the Pope 🇺🇸🤔 pic.twitter.com/cY4F2QGi9b
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) April 29, 2025
Конклавата за избор на нов папа и поглавар на Католичката црква, со 1,4 милијарди членови, ќе започне на 7 мај, потврди вчера портпаролот на Ватикан, Матео Бруни. Бројот на кардинални електори кои ќе го изберат наследникот на починатиот папа Франциско се намали на 133 откако двајца кардинали изјавија дека не можат да дојдат во Рим поради здравствени проблеми.
Претходните две конклави, одржани во 2005 и 2013 година, траеја само два дена. Бенедикт беше избран во четвртиот круг од гласањето, а Франциско во петтиот круг од гласањето.