петок, 24 април 2026

Трамп: Бајден е слаб, ова е еден од најглупавите потези (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Трамп смета дека талибанците успеале да го заземат Авганистан затоа што знаат дека актуелниот претседател Џо Бајден е премногу слаб да ги казни.

Некогашниот прв човек на Америка зборуваше во емисија на Фокс телевизија, и откри каков договор имал со талибанскиот политички лидер Абдул Гани Барадар.

„Абдул, како што сакав да го викам, Абдул можеше само да нè чека“, кажа Трамп во телефонскиот разговор и кажа дека неговата администрација ги „држела талибанците под целосна контрола“.

„Секој пат кога ќе видевме дека се придвижуваат, ги напаѓавме со авиони Ф-18 и тие престануваат со напредувањето. Претходно ќе беа разнесени во парчиња. Сега, нула отпор“, додаде тој.

Трамп кажа дека повлекувањето на американските војници од Авганистан е „најглупавиот потег кој некој го направил во историјата на Америка“.

„Оваа земја никогаш не видела ваква глупост, и сега нашата земја е во неволја. Само ќе биде полошо… Бевме во ситуација кога не смееја да ни се приближат, се плашеа од нас“, наведе тој и додаде дека тоа повеќе не е така.

„Имав договор со талибанскиот лидер. Не е тоа лесен човек“, истакна поранешниот претседател на САД.

Администрацијата на Трамп се сретнала со лидерот на талибанците девет пати во период од 18 месеци пред да дојде до договорот.

„Беше тешко да се преговара со лице кое се бореше против нас со години, а сега ги користиме да нè штитат? Погледнете што се случи со нашата заштита“, објасни Трамп.

Трамп смета дека талибанците „не можеле да веруваат кога слушнале дека американската војска се повлекува од војната“.

„Мислам дека испратиле некои борци и не наишле на отпор. Држевме сè под контрола пред Бајден да дојде и тие да видат слабост. Бајден ништо не презема. А потоа ја преземаа земјата и го уништија угледот на Америка, нашата сјајна земја на неверојатни борци. Тие и понатаму се сјајни борци, но потребно им е лидерство кое сега го немаат“, истакна поранешниот претседател на САД.

[video:https://youtu.be/NfSLO91pnYE autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ