петок, 24 април 2026

НАТО за планот на Трамп за исфрлање на Шпанија: Не постои таква можност

Американскиот претседател Доналд Трамп не може да го суспендира членството на Шпанија во НАТО затоа што Мадрид одбива да ја поддржи операцијата на Вашингтон против Иран, порача функционер на НАТО. Овој коментар доаѓа по медиумските извештаи дека Пентагон разгледува начини за казнување на членките на НАТО кои не ја поддржаа американско-израелската војна против Техеран, при што членството на Шпанија во алијансата е доведено во прашање како една од опциите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шпанија предизвика особени критики од администрацијата на Трамп откако одби да дозволи користење на нејзините воени бази и воздушен простор за напади врз Иран. „Основниот договор на НАТО не предвидува никаква одредба за суспендирање на членството во НАТО, а камоли за исклучување“, кажа функционерот на НАТО.

По написите за можни планови на Соединетите Американски Држави за суспендирање на Шпанија, премиерот Педро Санчез ја потврди посветеноста на неговата земја кон Алијансата. „Ставот на шпанската влада е јасен: апсолутна соработка со нашите сојузници, но секогаш во рамките на меѓународното право“, кажа Санчез на 24 април.

Трамп остро ги критикуваше сојузниците на НАТО за одбивањето да распоредат поморски сили за да помогнат во обидот за отворање на Ормускиот теснец откако бродскиот сообраќај беше прекинат од војната со Иран, обвинувајќи ги дека не ги поддржале американските напори. Тој, исто така, ја изнесе идејата САД да се повлечат од НАТО и го засили притисокот врз поединечните членки, нарекувајќи ја Шпанија „ужасен сојузник“.

Мадрид претходно го отфрли предлогот на САД за членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на 5 отсто од БДП, станувајќи првата членка на алијансата која се спротивстави на планот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ