понеделник, 4 мај 2026

Токио им изрази загриженост на Русија и на Кина поради воените акции

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за надворешни работи Тошимитцу Мотеги на конференцијата за новинарите соопшти дека преминот на руските и на кинеските бродови низ мореузите Цугару и Осуми е прв таков случај, како и дека внимателно се следат акциите на Москва и на Пекинг во близина на Јапонија, и дека преку дипломатски канали им е изразена загриженост на двете страни, пренесува ТАСС.

Висок јапонски дипломат истакна дека Токио ќе ги продолжи активните разговори со Москва за разни теми, вклучително и за територијалното прашање.

Група од 10 воени брода на Кина и на Русија помина низ тесниот премин што ги раздвојува најголемите јапонски острови Хоншу и Хокаидо, соопшти претходно Министерството за одбрана во Токио.

Ова е првпат Јапонија, која внимателно ги следи воените маневри во своето опкружување, да го потврди преминот на кинеските и на руските воени бродови, кои заедно пловат низ мореузот Цугару што го одвојува Јапонско Море од Пацификот.

Русија и Кина од 14 до 17 октомври одржаа заеднички поморски вежби во Јапонско Море во рамките на воената соработка, во која беа ангажирани воени бродови на двете земји со поддршка на руската Пацифичка флота.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ