Портпаролот на талибанците кажа за Асошиејтед прес дека рацијата се случила во градот Чарикар во провинцијата Парван.
Неговата изјава не може да се провери, наведува АП.
Рацијата следела откако талибанците уапсила двајца припадници на ИСИС поврзани со бомбашки напад врз возило на талибанците во кој биле ранети четворица борци, кажал Карими.
Двајцата заробени милитанти биле испрашани, а информациите кои ги дале им помогнале на талибанците да дојдат до засолништето.
Припадниците на ИСИС се главно лоцирани во источната провинција Нангархар, но ги засилија нападите низ Авганистан кога талибанците ја преземаа власта во земјата.
Неколку талибански милитанти беа убиени во напади на Исламска држава во главниот град на провинцијата Џалалабад.
Нангархар е главното упориште на ИСИС, ривалска група на талибанците, која ја презема одговорноста за низа тешки напади во последните години, вклучувајќи го нападот на аеродромот во Кабул на 26 август во кој беа убиени над 100 луѓе.






