сабота, 25 април 2026

Талибанците: Срдечно би ја примиле Меркел

Објавено на

часот

Сподели

Тој кажа дека е поставен специјален претставник за европските земји Мавлави Абдулах Васик, кој има контакт со бројни земји, па и со Германија.

„Претставници на Германија беа во нашата политичка канцеларија во Доха. Во повеќе наврати истакнавме дека сакаме ново поглавје и добри дипломатски односи“, подвлече тој.

Муџахид кажа дека талибанците би се радувале ако Германија ги поддржи, и потсети на добрите економски и дипломатски односи кои двете земји секогаш ги имале.

Истакна дека талибанците не им прават никакви проблеми на Авганистанците кои работеле за Германија и други земји, и дека ќе се погрижат за тие да можат безбедно да живеат.

Портпаролот на екстремистите истакна дека талибанците се смениле и дека има голема разлика меѓу талибанците од 90-тите и актуелните.

„Претходно имаше бројни политички партии и немаше никаква соработка“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ