„Ние јасно им кажавме дека дестабилизацијата на владата во Авганистан не е добрo за никого“, рече Амир Кан Мутаки за авганистанската новинска агенција Бахтар.
„Добрите врски со Авганистан се добри за секого. Не треба да се прави ништо што би ја ослабело актуелната влада во Авганистан, што може да им донесе проблеми на народот“, рече тој во снимената порака преведена од АФП.
Изјавите доаѓаат на првиот ден од дводневните преговори меѓу талибанците и американската делегација во Катар, предводена од заменикот на специјалниот пратеник на американскиот Стејт департмент Том Вест и шефицата на американската Агенција за меѓународен развој Сара Чарлс.
САД се уште не ги коментирале изјавите на талибанскиот министер.
Талибанците ја преземаа власта во Авганистан во август, кога САД во хаос се повлекуваа од земјата по 20 години окупација.






