петок, 24 април 2026

Талибанците бараат Турција да ја обезбедува евакуацијата на странците; Ердоган: Таму се заканува смрт

Објавено на

часот

Сподели

Функционери неделава за Ројтерс кажаа дека талибанците побарале од Турција да обезбеди техничка помош во управувањето со аеродромот, но турските војници да се повлечат до 31 август.

Војниците почнаа да се повлекуваат во средата, а вчера во самоубиствениот напад кој го присвои терористичката група Исламска држава беа убиени 85 лица, меѓу кои 13 американски војници на влезот во кабулскиот аеродром.

Ердоган кажа дека пред одлуката треба да завладее мир во Кабул бидејќи Турција би можела да „биде вовлечена“ во непредвидлива ситуација и невозможна мисија.

„Талибанците поднесоа барање за управување со аеродромот во Кабул, Велат „ние ќе се погрижиме за безбедноста“, но смртта сè уште се заканува во Кабул“, кажа Ердоган во Истанбул пред тргнувањето во посета на Босна и Херцеговина.

Голем дел од западните земји ја заврши или ја завршува евакуацијата со наближувањето на 31 август, рокот за повлекување на сите странски војници од Авганистан кој го постави американскиот претседател Џо Бајден, а талибанците не сакаат да го продолжат иако сите авганистански соработници кои работеле за странците и стравуваат од одмазда до тогаш нема да успеат да ја напуштат земјата.

Турција како членка на НАТО има стотици војници во Авганистан во рамки на мисијата и го обезбедуваше аеродромот во Кабул во изминатите шест години.

Анкара досега евакуирала најмалку 350 војници и повеќе од 1.400 други луѓе од Авганистан откако талибанците месецов повторно ја преземаа контролата врз таа земја по 20 години странско присуство.

Турција ги пофали, како што самата кажа, „умерените изјави“ кои талибанците ги даваат откако го освоија Кабул на 15 август.

Ердоган денес повтори дека Анкара ќе го продолжи дијалогот со талибанците и ќе ја проценува состојбата кога тие ќе формираат влада.

Тоа е исчекор во однос на претходните изјави кога Ердоган ги критикуваше талибанците додека напредуваат кон Кабул и кажуваше дека сака што побрзо да ги повлече своите војници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ