Министерството за одбрана соопшти дека 19 авиони, вклучувајќи борци и бомбардери со нуклеарни капацитети, влегле во таканаречената идентификациска зона на воздушната одбрана (АДИЗ).
Тајпеј повеќе од една година се жали за постојаните мисии на кинеските воздухопловни сили во близина на островот.
Кина го гледа демократскиот Тајван како отцепена провинција, но Тајван се гледа себеси како суверена држава.
Тајванското министерство за одбрана соопшти дека во неделната мисија на кинеските воздухопловни сили биле вклучени четири бомбардери Х-6, кои можат да носат нуклеарно оружје, како и противподморнички авион.
Идентификациската зона на противвоздушна одбрана е област надвор од територијата на земјата и националниот воздушен простор, но во која странските авиони сѐ уште се идентификуваат, се следат и се контролираат во интерес на националната безбедност.
Тој е самопрогласен и технички останува меѓународен воздушен простор.
Министерството за одбрана објави мапа што покажува патека за летање североисточно од Пратас, поблиску до кинескиот отколку до тајванскиот брег.
Беа распоредени ракетни системи и беа испратени борбени авиони да ги предупредат кинеските авиони, додаде министерството.
Кина сѐ уште не коментирала официјално, вели Би-би-си.
Пекинг често покренува такви мисии за да изрази незадоволство од коментарите што доаѓаат од Тајван.
Во јуни таа испрати 28 воени авиони во АДИЗ – најголемиот упад пријавен од Тајван до сега. На 24 јануари, во слична мисија, 15 авиони влегоа во тајванската воздушна одбранбена зона, додека на 12 април, Тајван пријави 25 авиони.
Не е јасно што ја поттикна најновата мисија.
Меѓутоа, минатата недела тајванското министерство за одбрана предупреди дека кинеските вооружени сили можат да ја „парализираат“ одбраната на Тајван и дека заканата од Кина расте.






