четврток, 7 мај 2026

Таен документ: Шефот на кабинетот на Трамп имал план за напад на Капитол

Објавено на

часот

Сподели

Надлежната истражна комисија смета дека постои поврзаност меѓу администрацијата на Трамп и организаторите на нападот на Капитол на 6 јануари, пренесува лондонски Гардијан.

Фактот дека поранешниот шеф на кабинетот на Доналд Трамп, Марк Медоус, еден ден пред нападот на Капитол Хил поседувал документ во Поуер поинт, во кој детално е опишан државен удар, сугерира дека тој бил свесен за напорите на Трамп и неговите сојузници да го запрат прогласувањето на новиот претседател на САД.

Презентацијата има 38 страници и е насловена „Изборна измама, мешање и опции за 6 јануари“.

Тој нуди неколку препораки за Трамп да ја задржи претседателската функција и да започне втор мандат, потпирајќи се на лаги и бројни теории на заговор.

Сенаторите и членовите на Конгресот прво требало да бидат информирани за наводно мешање на странски лица во изборите, по што Трамп би можел да воведе вонредна состојба на национално ниво, да ги прогласи електронските гласови за неважечки и да побара од Конгресот соодветна одлука.

Една од опциите за преземање на власта била тогашниот потпретседател Мајк Пенс да ја злоупотреби својата церемонијална улога на заедничката седница на Конгресот на 6 јануари, да го спречи Бајден да биде именуван за нов претседател и така да го врати Трамп во Белата куќа.

Препораките во презентацијата се засноваат на измислени и неосновани тврдења за изборна измама, вклучително и дека „Кинези систематски ја презедоа контролата врз американскиот изборен систем“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ