четврток, 7 мај 2026

СЗО: Нема да ја исполниме глобалната цел од 40 проценти вакцинирани во секоја земја

Објавено на

часот

Сподели

Од 194 земји-членки на СЗО, приближно половина нема да ја исполнат целта. Во околу 40 земји ниту 10 отсто од населението не е вакцинирано. СЗО препиша голем дел од вината на трупањето вакцини, особено меѓу неколкуте богати западни земји кои веќе спроведуваат дополнителни вакцинации.

Досега се употребени повеќе од 8,6 милијарди дози вакцини во светот, но најмногу во побогатите земји кои можат да си обезбедат свои договори со производителите на вакцини. Десетици земји зависат од залихите на Ковакс, програма за дистрибуција на вакцини поддржана од ОН, чија цел е достава на вакцини и во посиромашните земји.

Просперитетните земји беа критикувани дека не прават доволно за да ја поддржат глобалната правична дистрибуција на вакцини преку Ковакс. Сепак, испораките на вакцини преку таа шема се зголемија во последните недели. До последната недела од декември, Ковакс испорача 722 милиони дози.

Податоците даваат катастрофална слика. СЗО вели дека околу 171 доза вакцини на 100 жители биле администрирани во Германија, а во Мадагаскар нешто помалку од 2,7, а во Демократска Република Конго 0,32. Во повеќето африкански земји, оваа бројка во најдобар случај е двоцифрена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ