Според најновите проценки на СЗО, изнесени во интерен документ во кој имала увид агенцијата Ројтерс, само така ќе се стекна заштита од сите соеви.
Се проценува дека на општата популација дополнителна доза ќе ѝ биде потребна на секои две години.
Таа проценка е вклучена и во извештајот во кој ќе се разговара на состанокот на Глобалната алијанса за вакцини (Гави), која раководи со програмата Ковакс на СЗО.
Не е наведено како се дошло до овој заклучок, но според основното сценарио, новите варијанти на вирусот ќе продолжат да се појавуваат, а вакцините ќе мора редовно да се унапредуваат.






