понеделник, 4 мај 2026

Светска банка ја суспендира помошта за Судан

Објавено на

часот

Сподели

„Мошне сум загрижен поради неодамнешните настани во Судан и се плашам од драматично влијание врз социјалното и економското заздравување и развој на земјата”, наведе претседателот на Светска банка Дејвид Малпас во соопштението, пренесува Ројтерс.

Африканската унија претходно го суспендираше Судан од членството поради, како што е наведено, неуставното преземање на власта, додека САД ги замрзнаа 700-те милиони долари помош за таа земја.

Како што наведува Би-би-си, ненадејниот прекин на приливот на финансиската помош најверојатно ќе ѝ донесе тешки последици на суданската нарушена економија во моментот кога земјата тукушто почна повторно да застанува на нозе.

Во Судан во минатите две години, по симнувањето на Омар ал-Башир, власта ја делеа цивилни и воени лидери.

До воен удар и преземање на власта дојде по повеќенеделните тензии меѓу претставниците на воените и цивилните власти околу темпото на транзицијата на Судан кон демократијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ