четврток, 7 мај 2026

Страшна несреќа во Унгарија: седум мртви во автомобил со српски таблички (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Како што е соопштено, несреќата се случила на 13 декември 2021 околу 23:40 часот во внатрешноста на Морахалом. На сајтот на унгарската полиција се појавија првите фотографии од местото на несреќата. На нив се гледа полицијата како врши увид, како и возилото кое е речиси уништено.

Комбито во кое имало 10 мигранти се движело во правец на Сегедин, а кога полицијата се обидела да го сопре, возачот ја зголемил брзината, удрило во куќа и се превртело. Полицијата соопшти дека во несреќата е повреден и возачот.

Тој е приведен и против него ќе биде почната постапка за трговија со луѓе и предизвикување тешка несреќа, пренесува Ројтерс.

За трговија со луѓе е одредена казна од една до пет години затвор во стандарден случај и од 5 до 15 години во квалификуван случај. Организатор или извршител на кривичното дело може да биде осуден на казна затвор од десет до дваесет години.

Полицијата во текот на увидот и спасувањето го затворила магистралниот пат, при што сообраќајот се одвивал по околните улици.

[video:https://youtu.be/z_QI7UpQwKI autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ