Италијанската компанија долго време се мачеше со финансиски проблеми и нестабилност, а последниот лет беше изведен на 14 октомври. Новата авиокомпанија, ИТА, почна да лета следниот ден, користејќи некои од авионите на Алиталија. Таа ја купи марката Алиталија, но презема помалку од 3.000 од 10.000 вработени на Алиталија.
Синдикатите соопштија и дека оние кои ќе останат на работа ќе бидат вработени со значително помали плати.
Околу 50 поранешни стјуардеси стоеја во редови на римски плоштад, ги спуштија торбите на калдрмата, па полека и синхронизирано почнаа да ги соблекуваат униформите.
[video:https://youtu.be/PzlLoqeeK8A autoplay:0]Останаа боси, само во долна облека, во тишина, неколку минути. Потоа внимателно ги собраа облеката и обувките и заедно извикаа: „Ние сме Алиталија!“
Синдикалните лидери вршат притисок врз владата да продолжи да ги плаќа давачките за невработените дури пет години.






