При влегувањето потребно е да се покаже доказ за вакцинација, со датум од најмалку две недели од целосната вакцинација, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или антигенски тест не постар од 48 часа, или да се покаже потврда за прележан коронавирусот, јавува АБЦ Албанија.
Правилата важат и за патниците кои минуваат низ Албанија, а од нив се изземени само децата на возраст до шест години.
Државјаните на Албанија кои немаат некој од потребните документи по влегувањето во земјата мораат во 10-дневен карантин.
Во Албанија на сила е и полициски час од 23 до шест часот наутро.






