Тој не наведе што ја натерало обвинетата да го пресече јажето, но тајландските медиуми пренесуваат дека била фрустрирана кога молерите се појавиле пред прозорецот на нејзината соба, а никој не ја известил дека зградата ќе се варосува на 12 октомври, пренесува АП.
На видеоснимката што е објавена на социјалните мрежи се гледа како двајцата молери ги молат станарите на 26-от кат да ги отворат прозорците и да ги пуштат внатре. Едниот од молерите, по потекло од Мјанмар, кажал за тајландските медиуми дека тој и неговите двајца пријатели се спуштиле од 32-от кат за да санираат пукнатина на фасадата.
Кога стигнал до 30-от кат, почувствувал дека јажето тежи, а кога погледнал долу, видел дека некој го отворил прозорецот на 21-от кат и го пресекол неговото јаже. Се обидел да повика некој од станарите на помош, но никој не бил дома.
Третиот колега продолжил да ги придржува од највисокиот кат, рекла станарката што ги спасила. Таа наведе дека нејзиниот маж забележал дека еден од молерите праќа сигнал да му се помогне и се јавил да разговара со нив.
„Ова е шокантно и не требаше воопшто да се случи“, рече таа.
Обвинетата прво негирала дека е одговорна за инцидентот, но полицијата го пратила јажето на ДНК-анализа и од него се земени отпечатоци, пренесуваат медиумите.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=_uGREPxOUJw autoplay:0]Таа вчера се појави во полициската станица со својот адвокат. Откако полицијата ѝ ги покажала снимката и форензичките докази, таа признала, но негирала дека имала намера да ги убие работниците.
Обвинетата се наоѓа на привремена слобода, а полицијата ќе му предаде на судот кривична пријава во рок од 15 дена. Нејзе ѝ се заканува казна затвор до 20 години доколку биде прогласена за виновна за обид на убиство.






