Фабриката Застава оружје со договорот за испорака на ловечко и спортско оружје на пазарот на Соединетите Американски Држави, во вредност од 234 милиони долари, обезбедила безбедност на работните места и примање на 2.500 вработени во следните шест години, изјави директорот Милан Петковиќ.
Тој истакна дека договорот е најголем во историјата на фабриката од Крагуевац, а извозот во САД е потврда за високиот квалитет.
„Заврши првата година од тој договор кој ќе биде реализиран уште во пет. Секоја година треба да извеземе на американскиот пазар производи во вредност од 40-тина милиони долари. Станува збор за ловечко-спортско вооружување“, кажа Петкови.
Директорот на компанијата Застава армс УСА, ексклузивен претставник на српската фабрика во САД, Ранко Ристовиќ, кажа дека договорот за нивна соработка е потпишан во 2018, но дека во 2021 се „соборени сите рекорди“ со потпишувањето на најголемиот договор во историјата на фабриката во Крагуевац.
„Во Америка станавме фирма со најдобар квалитет на оружје засновано на „калашњиков“ платформата, во што Застава оружје има голема традиција“, кажа Ристиќ.
Тој додаде дека неговата фирма е најголем увозник на тој тип оружје во САД.






