Според податоците, во последните денови бројот на заразите е во благ пораст во одделни административни окрузи и во Белград – вкупно кај 189 лица меѓу 9.786 тестирани примероци, додека од последиците на коронавирусот починале четири лица.
Во Србија бројките на заразените растат и е на почетокот на нов бран, а државниот секретар во министерството за здравство Мирсад Џерлек најави дека наскоро ќе следи нов пакет мерки и поттикнувања за забрзување на кампањата на вакцинирање, бидејќи се „очекува силен четврти бран на короната“.
Министерката за државна управа и локална самоуправа Марија Обрадовиќ потврди дека се подготвува „сериозна кампања“ во која се размислува за голема наградна игра во која вакцинираните против коронавирусот ќе конкурираат за „сериозни награди“.
„Тоа е единствениот начин да покажеме дека владата навистина го промовира вакцинирањето“, кажа Обрадовиќ, оценувајќи дека заклучно со 20 јули на територијата на целата држава има околу 2.664.000 лица вакцинирани со две дози, што на вкупната популација од околу седум милиони луѓе „не е доволно ако се тежнее кон колективен имунитет“.
Србија користи четири вакцини (Бајонтек/Фајзер, Астразенека, Синофарм и Спутник) и има доволно дози, но, по успешната кампања на почетокот, опадна интересот за вакцинирање, особено меѓу младите.
Во Србија од почетокот на епидемијата на 6 март до сега се тестирани 4.572.957 примероци, регистрирани се вкупно 719.006 заразени, а официјално се пријавени 7.88 смртни случаи.
Во моментов на лекување се 311 лица, од кои седум на респиратори.






