среда, 22 април 2026

Лорандит – Македонија има скапоцен минерал што светот го бара

Зошто Македонија, земја со еден од најретките минерали на планетата директно поврзан со вселенските истражувања, сè уште нема национална визија за вселенската наука, прашуваат од Астра, здружението за астрономија и вселенски истражувања. Се работи за рудникот Алшар и минералот лорандит.

 

Објавено на

часот

Сподели

Во наоѓалиштето Алшар, сместено во југозападниот дел на Македонија, се наоѓа минералот лорандит (TlAsS₂) — еден од ретките материјали на Земјата кој го привлекол вниманието на меѓународната научна заедница поради неговата потенцијална улога во истражувањето на соларните неутрина — субатомски честички кои ни даваат директен увид во процесите во внатрешноста на Сонцето.

Интересот за Алшар не е нов: уште во осумдесеттите и деведесеттите години, меѓународни научни тимови разговараа за можноста за реализација на LOREX-проектот (Lorandit Experiment) — научна мисија која би го искористила македонскиот лорандит за детектирање на соларни неутрина. Проектот никогаш не беше реализиран. Прашањето зошто — останува отворено, велат од Астра.

„Во последниве години, сè поголем број млади македонски научници и истражувачи образувани на водечки европски и светски универзитети донесуваат одлука да се вратат во земјата. Некои од нив работат на проекти кои ги поврзуваат локалните ресурси со глобалните научни предизвици. Дали некој од нив ќе го ревитализира Алшар останува да се види“, соопшти Астра, организација посветена на промоција на астрономската наука, вселенските технологии и научното образование во Македонија. Ова здружение работи на поврзување на локалниот научен потенцијал со меѓународната заедница и на подигање на јавната свест за важноста на вселенската наука за развојот на општеството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ