четврток, 7 мај 2026

Советник на Додик: Комшиќ и Џаферовиќ повторно размислуваат за војна

Објавено на

часот

Сподели

Двата члена на Претседателството на БиХ Комшиќ и Џаферовиќ се сретнаа вчера со претставници на здружението на генерали на БиХ, кои во таа прилика наведоа дека се во полн капацитет се ставаат на располагање на институциите на БиХ, односно на Претседателството.

„Тука не станува збор за никакви генерали на БиХ, станува збор за офицери на поранешната „Армија на Република БиХ“, една од војските кои постоеја за време на војната и беше една од трите завојувани страни на крвавата граѓанска војна“, кажа Ковачевиќ.

Тој потсети дека оние кои ги повикале во Претседателството на БиХ биле дел од тие формации.

Ковачевиќ истакна дека тоа би требало да го видат сите и од меѓународната заедница кои постојано ја обвинуваат Република Српска и го обвинуваат третиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик дека наводно предизвикува некакви конфликти и дека РС е наводно некаква закана по мирот и стабилноста.

„За разлика од оние кои седат со некакви, таканаречени, генерали Милорад Додик се бави само со тоа како да го почитува уставот на БиХ и како БиХ да се врати во уставните рамки на важечкиот устав на БиХ, притоа истакнувајќи дека мирот е клучна и најзначајна вредност за Република Српска“, кажа Ковачевиќ.

Тој истакна дека е многу важно ваквите постапки на Џаферовиќ и Комшиќ најстрого да се казнат бидејќи повторно, како што кажа, тропаат со оружје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ