сабота, 2 мај 2026

Сопственикот на Фејсбук за неколку часа загуби 6,6 милијарди долари

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на Форбс во реално време, богатството на Закерберг опаднало за 5,4 проценти, или за 6,6 милијарди долари, на 116,1 милијарди долари.

Вчера корисниците на Фејсбук, Инстаграм и Вотсап низ целиот свет пријавуваа огромни прекини во работата на овие мрежи. Потоа имаше информации за проблеми во работата на Телеграм, Твитер, Гугл и Тикток.

Од Фејсбук се огласија на социјалната мрежа Твитер.

„Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот до нашите апликации и производи. Работиме за да ги вратиме работите во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, беше наведено во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ