Осудувањето на Љубов Собол е дел од пошироката акција на руската влада против сојузниците на Навални, од кои на неколкумина треба да им се суди под истото обвинение како и на Собол.
Судот ја прогласи Собол за виновна за поттикнување луѓе да ги прекршат мерките воведени поради коронавирусот, повикувајќи ги луѓето да излезат и да протестираат.
На Собол една и пол година ќе ѝ биде забрането да го напушта својот стан помеѓу 22 часот и 6 часот наутро, како и да присуствува на масовни настани. Таа, исто така, ќе треба да се пријавува во полиција три пати месечно.
Собол е една од најблиските сојузници на Навални и работи со него од 2011 година. Таа претходно беше адвокат на неговата Фондација за борба против корупцијата (ФБК), која минатиот април беше забранета како „екстремистичка организација“ од владата.
Собол го нарече обвинението „политички мотивирана глупост“.






