Шестмина Саудијци, тројца државјани на Бангладеш и еден Суданец се повредени.
Во нападот биле искршени и некои од прозорците на фасадата на аеродромот, додаде портпаролот на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.
Јемен е сцена на конфликти и насилство од 2014 година, кога бунтовничкото движење Хути ја презеде контролата над поголемиот дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Сана.
Конфликтот ескалираше една година подоцна, кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници застанаа на страната на јеменската влада и започнаа да извршуваат воздушни напади врз бунтовничките позиции.
Саудиска Арабија и нејзините сојузници се борат против Хутите кои не го поддржуваат бегалецот Хади во Ријад, поради верска нетолеранција. Имено, на северот на Јемен живеат шиити, на кои им припаѓаат и Хути, додека на југ живеат сунити.
Хутите досега директно не ја презедоа одговорноста, но групата редовно лансира беспилотни летала и ракети напаѓајќи ја Саудиска Арабија.
Јемен е една од најсиромашните земји во арапскиот свет, а војната во таа земја е една од најголемите хуманитарни катастрофи во историјата. Според ОН, околу 80% од 24 милиони жители имаат потреба од хуманитарна помош и заштита, а околу три милиони луѓе се неисхранети, од кои две третини се деца.






