сабота, 2 мај 2026

Сноуден за падот на Фејсбук: Светот стана поздраво место на еден ден

Објавено на

часот

Сподели

Тој на Твитер порача дека корисниците би требало да користат алтернативни апликации за допишување наместо Уатсап која е во сопственост на Фејсбук. Порача дека ова е потсетник дека луѓето треба да користат непрофитни алтернативи за допишување, како апликациите со отворен код.

„Бесплатно е и потребни се околу 30 секунди за промена“, напиша Сноуден.

Во следниот пост порача дека Фејсбук и Инстаграм се мистериозно исклучени и дека светот стана поздраво место на еден светол ден.

Сноуден и претходно на Твитер пишуваше дека апликацијата Сигнал е многу посигурна за користење од Уатсап. Додаде и дека одлуката на Уатсап да му ги продаде своите корисници на Фејсбук довела до најголемата дигитална миграција на безбедна локација.

Едвард Сноуден стана славен откако разоткри тајни американски документи кои го покажаа постоењето на голем број тајни проекти за надзор низ целиот свет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ