четврток, 7 мај 2026

Словенечкиот претседател следната година се повлекува од политиката

Објавено на

часот

Сподели

„Многу ми е важно до последниот ден од следната година да ја вршам својата работа и од ова место да заминам задоволен“, кажа тој во традиционалното предновогодишно интервју за Словенечката телевизија.

„Тогаш, по десет години, ќе можам да кажам: она за што се натпреварував за оваа позиција помалку или повеќе го постигнав и сега можам со мирна совест да заминам“, кажа Пахор.

Тој со пет години постариот премиер Јанез Јанша е еден од најдолговечните политичари од оваа генерација.

Со политика почнал да се бави веднаш по студиите на Факултетот за политички науки, и беше избран во составот на првиот словенечки демократски избран парламент во 1990 година, а во својата кариера вршеше низа најодговорни политички функции.

Тој беше претседател на парламентот, претседател на владата, но и лидер на опозицијата, и неполн мандат и пратеник во Европскиот парламент, по што во 2012 го победи на парламентарните избори претходниот претседател Данило Турк во вториот изборен круг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ