среда, 22 април 2026

Слобода за малтретираната Французинка што си го уби сопругот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Таа е осудена на четири години затвор, но три од нив условно, па е пуштена затоа што веќе одлежа една година, пренесува Би-би-си.

Бако претходно падна во несвест во судницата откако обвинителите побараа таа да биде осудена за убиство, но да добие помала казна и да биде ослободена.

Таа призна дека си го убила сопругот во март 2016 година со неговиот пиштол.

Бако (40) опишала дека од дванаесетгодишна возраст ја злоставувал Даниел Полет, прво како нејзин очув, а потоа и како сопруг.

Полет со години ја принудувал на проституција со други мажи, а последната капка ја прелеала чашата кога тој почнал да зборува за злоставување на нивната ќерка.

Нејзиниот случај ја шокираше цела Франција и повеќе од 700.000 луѓе ја потпишаа петицијата со која се бараше нејзино ослободување.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=23HDisPUTVs autoplay:0]

Додека Бако го напушташе судот, насобраните луѓе ѝ аплаудираа и извикуваа „Браво!“. Но таа им рече на новинарите дека битката не е завршена.

„Не чувствувам олеснување. Комплетно сум скршена, физички и психички“, рече таа.

Таа додаде дека само сака да им се врати на своите деца, кои ги има четири.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ