„Сеиф ал Ислам Гадафи ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори до канцеларијата на Изборната комисија во Сабха“, на југозападот на земјата, изјави функционерот за либискиот канал Ел Расми.
Либија потона во хаос за време на бунтот во 2011 година, кога нејзиниот долгогодишен лидер Моамер Гадафи беше соборен и убиен.
Во претходните години, земјата беше поделена на две паралелни и конфликтни влади, од кои едната го контролира истокот, а другата западниот дел на Либија. Секоја од нив имаше поддршка од неколку паравоени единици и неколку држави.
Примирјето е во сила од октомври 2020 година, а земјата сега е управувана од преодна влада, чија задача е да ја подготви земјата за изборите во декември.






