недела, 3 мај 2026

Синот на Мило Ѓукановиќ сослушан поради Пандорините документи

Објавено на

часот

Сподели

Тој одговарал на прашања на обвинителите околу случајот Пандора документи, јавува ТВЦГ, а дека Блажо Ѓукановиќ ќе биде сослушан вчера кажа главниот специјален обвинител Миливоје Катниќ.

Од друга страна, Мило Ѓукановиќ за тој случај писмено ќе се изјасни.

„Пишано изјаснување е можно. Тоа им се дава на високите функционери, не за да бидат привилегирани или издвоени од другите, туку за да се избегне процедурата на контролирање на просториите. Се гледа некој да не ја отрул водата, да нема некаде експлозивна направа и тоа ни го одзема денот на сите. Ние затоа ги пишуваме прашањата кои би му биле поставени кога би дошол и му ги испраќаме за изјаснување. Но кога би бил повикан да дојде, сигурно би дошол“, кажа Катниќ вчера.

Во Пандора документите се наведува дека Мило и Блажо Ѓукановиќ во 2012 година склучиле тајни договори за управување со нивниот имот криејќи се зад комплицирана мрежа поврзани компании од Британија, Швајцарија, Британските Девствени Острови, Панама и Гибралтар, како што беше објавено во истрагата која ја водеше Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) со партнери од 117 земји.

Според тие наводи, синот на претседателот на Црна Гора ја искористил таа структура за да формира и две скриени компании со ќерки фирми во Лондон и Црна Гора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ