сабота, 2 мај 2026

Силна експлозија во џамија во Авганистан, најмалку 15 загинати за време на молитва (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Експлозијата се случила во џамија во провинцијата Кундуз за време на неделната петочна молитва, кога припадници на шиитското верско малцинство обично доаѓаат во голем број на богослужба. Сведокот Али Реза рече дека се молел во моментот на експлозијата.

Портпаролот на талибанците Забиула Муџахид рече дека јасна цел била шиитската џамија и дека „голем број“ верници загинале или биле ранети. Тој рече дека талибанските специјални сили пристигнале на местото на настанот и го испитуваат инцидентот.

Причината за експлозијата засега не е позната и ниедна група сè уште не презеде одговорност за нападот.

Раководството на талибанците се бори со зголемената закана од локалниот огранок на Исламската држава. Милитантите на ИСИС ги засилија нападите врз цели на своите ривали, вклучително со два смртоносни бомбашки напади во Кабул, пренесува агенцијата АП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ