Земјотресот со епицентар во округот Јилан се случи на длабочина од 66,8 километри и се почувствувал во северните и источните делови на Тајван, соопшти Хидрометеоролошкиот завод.
Метрото во Тајпеј накратко било затворено, но сообраќајот набрзо бил продолжен. Државниот оператор за дистрибуција на електрична енергија рече дека мрежата функционира нормално.
Најголемиот светски производител на чипови ТСМЦ, соопшти дека евакуирале некои работници.
„Персоналот во некои постројки на ТСМЦ во северниот дел на Тајван беше евакуиран за време на земјотресот во согласност со регулативите на компанијата и сите безбедносни системи функционираа нормално“, се вели во соопштението.
Тајван лежи во близина на спој на две тектонски плочи и земјотресите се чести.
Во земјотрес во јужен Тајван во 2016 година загинаа повеќе од 100 луѓе, а во земјотрес со јачина од 7,3 степени во 1999 година загинаа повеќе од 2.000 луѓе.






