Регионалниот претседател Нело Мусумечи на Фејсбук објави дека невообичаено високите температури и абнормалните временски услови ќе претставуваат ризик во наредните недели.
Во меѓувреме, на Сардинија, противпожарна бригада во покраината Ористано објави дека вчера наутро избувнал пожар во туристички објект. Пожарникарите спречија пожарот да се прошири на блиската вегетација, додаваат тие. Нема извештаи за жртви.
Ористано, кој се наоѓа на западниот брег на медитеранскиот остров, неодамна се бореше со големи шумски пожари што предизвикаа поголема штета. Невообичаено високите температури кои се искачуваат над 40 степени Целзиусови предизвикуваат суша во јужна Италија, што ги поттикнува пожарите. Се верува дека многу пожари намерно се предизвикани.
Италијанските пожарникари соопштија дека вчера биле на 800 интервенции, вклучувајќи 106 во југоисточниот регион Апулија, 120 во југозападната Калабрија и 188 на Сицилија. Земјоделското здружение „Колдирети“ ова лето го опиша како најтопло во деценијата.
Сицилија, Калабрија и Апулија се најтешко погодени во неодамнешните пожари. Две лица загинаа во провинцијата Реџо Калабрија, соопшти противпожарната служба.






