Бискупот додал дека црвениот костим на Дедо Мраз го избрала компанијата Кока-Кола за публицитет, пренесува Би-би-си.
Овие коментари ги налутија родителите во Сицилија.
Во извинувањето од епархијата се наведува дека Сталјано сакал да зборува за вистинското значење на Божиќ, дека сакал да ја истакне приказната за Свети Никола, првичната инспирација за ликот на Дедо Мраз, кој е познат по давање подароци на сиромашните и кој бил прогонуван од римскиот император.
„Пред сè, во име на бискупот, изразувам жал за изјавата, која ги разочара најмалите и сакам да појаснам дека намерите на монсињор Сталјано биле сосема поинакви“, напиша на епархиската страница на Фејсбук свештеникот Алесандро Паолино, директор за комуникации на епархијата.
„Сигурно не смееме да ја уриваме имагинацијата на децата, туку од неа да извлекуваме добри примери кои се позитивни за животот“, продолжи тој. „Значи, Дедо Мраз е ефективна слика за да ја пренесе важноста на давањето, дарежливоста, споделувањето. Но, кога оваа слика го губи своето значење, го гледате Дедо Мраз како консумеризам, како желбата да поседувате, купувате, купувате и пак да купувате, тогаш треба да се преоцени и да ѝ се даде ново значење“.






